Она што работиме
Модната конфекција Делта Холдинг ДООЕЛ Кочани е формирана во 1992 година и е во приватна сопственост со единствен основач Георгиева Бојаџиевска Валентина. Денес Делта Холдинг брои 350 вработени во сопствен производствен погон, со површина од 6.300 м2 затворен работен простор и 24.000 м2 отворен простор.
Компанијата произведува панталони, сукњи, трикотажни и други видови облека. Според прозиводите кои се произведуваат друштвото се сврстува во полутешка кофекција за машка и женска облека. Главниот погон е еден од најмодерните во Македонија.